Квантна радост

 

Квантна радост (КР) претствува систем на трансформација и љубов кон себеси. Тоа е феномен кој се пренесува и кој се подучува, феномен кој секогаш има физички и видливи ефекти. Започнува со нежен и лесен допир кој преку силата на нашата фокусирана интенција продолжува во една нова и радосна состојба која предизвикува животни промени. Оваа алатка се применува за трансформирање и за креирање на нови можности. Поточно, се работи за трансформирање на нашите уверувања во врска со структурата на стварноста.

 

 

 

КР ги трансформира и хармонизира блокадите, односите, работата, финансиите, физичката и емоционалната болка со што се отвора простор за нови можности за структурирање на стварноста.

Се работи со благ допир или без контакт, на далечина. Претставува спој на древното духовно учење, методот на 2 точки и западната современа наука, квантна физика и психологија.

Најпознати практичари и учители на КР се Dr. Frank Kinslow (Quantum Entrainment) и Dr. Richard Bartlett (Matrix Energetix).

Квантен бран е вибрација која настанува со поврзување на две одредени точки на телото или аурата. Во моментот на добивање на квантните бранови нервниот систем спонтано влегува во состојба кадешто се рушат старите и се создаваат нови невронски врски.

 

* Квантна радост одлично се комбинира и дополнува со други методи и терапии. Не претставува замена за медицинско лекување и третирање *

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ЗАКАЖУВАЊЕ НА СЕСИИ на raduvajse@gmail.com или со пополнување на контактната форма