Часови

Индивидуални и групни часови по хата, јин и трансформативна јога

Хата јога

Хата јога е физичка јога во која се учат асани или телесни положби кои ги дисциплинираат умот и телото. Ха значи сонце и ја претставува машката енергија, а Та значи месечина и ја претставува женската енергија. Секоја личност, независно на кој пол припаѓа, во себе ги носи двете енергии, и машката и женската. Хата јога нè учи како да ги доведеме до баланс овие две енергии со цел постигнување на хармонија со себе и со сè што нè опкружува.

Во асаните се задржуваме одредено време за да го зацврстиме телото и да ја подигнеме неговата целокупна енергија. Постојат седум енергетски центри во нашето тело и потребно е тие да се ослободат како би можела енергијата непречено да тече низ целиот систем. Свиткувањата и истегнувањата во асаните ги стимулираат сите нерви и органи во телото и ги ослободуваат енергетските центри.

Правилното дишење во текот на изведувањето на асаните е важен дел од Хата јога. Со пранајама (техники на дишење) се зголемува капацитетот на белите дробови, се балансираат машката и женската енергија во телото и воопшто, се зголемува нивото на енергија во целиот систем.

СакамЈога часовите се комбинација од физички вежби (асани), вежби за дишење (пранајама) и техники за опуштање. Телесната и психичката опуштеност овозможуваат правилно изведување на јога вежбите. Единствено во тие моменти на опуштеност можат да се почувствуваат вистинските ефекти од асаните.

 

Јин јога

Јин јога претставува медитативен тип на јога кадешто главен акцент е ставен врз истегнување на сврзнoтo ткивo, тетивите и лигаментите. Задржувањето во асаните трае од три до пет минути, при што се постигнува длабок внатрешен мир и опуштеност.

 

Трансформативна јога

Трансформативна јога применува специфични техники и знаења со цел опуштање, прочистување и активирање на енергетските центри на физичкото, емоционалното, менталното и духовното тело.

Во Трансформативна јога се применуваат јога положби, асани (за прочистување на физичкото тело) при што посебно внимание им се посветува на техниките на дишење (за прочистување на емоционалното тело), како и на специфичните звуци и вибрации (за прочистување на менталното тело).

Со практикување на овој тип на јога се случува општо прочистување и активирање на сите тела, се отфрлаат нездравите навики на живеење, се подобруваат физичката кондиција, емоционалната и психичката рамнотежа, се развиваат љубовта, вербата и духовната свест.

Трансформативна јога делува на подлабоките нивоа на постоење, го ослободува телото од сите “нечистотии” и на тој начин овозможува будење и активирање на нашата внатрешна, животна енергија.

СакамЈога часовите претставуваат комбинација на хата, јин и трансформативна јога.

 

 

 

“Јогата е како музика: ритамот на телото, мелодијата на умот и хармонијата на душата ја креираат симфонијата на животот.”

 

ЗОШТО ДА ВЕЖБАТЕ ЈОГА? (кликнете на текстовите)

 

ПРЕПОРАКИ ЗА “САКАМ ЈОГА” ЧАС:

  • Со себе понесете простирка за вежбање.
  • Во просторијата кадешто се вежба јога се влегува без обувки.
  • Атмосферата во јога студиото треба да биде смирена и опуштена. Внесете позитивна енергија во просторијата кадешто вежбате.
  • Бидете свесни за личноста којашто вежба до Вас.
  • Избегнувајте користење на парфеми за време на јога часовите.
  • Ако сте бремени, известете го инструкторот.
  • Исклучете ги мобилните телефони.
  • Носете удобна, лесна облека.
  • Вежбајте на празен стомак. Последниот оброк нека Ви биде три часа пред започнувањето со вежбање.
  • Бидете присутни во просториите кадешто се вежба јога десетина минути пред започнување на часот.
  • Доколку имате здравствени проблеми известете го јога инструкторот.

 

(јога вежбите не претставуваат замена за лекарски совет/третман. Доколку имате здравствен проблем задолжително консултирајте се со матичен лекар пред да започнете со вежбање јога)

 

САКАМЈОГА ИМПРЕСИИ (повеќе)

САКАМЈОГА ГАЛЕРИЈА (повеќе)

 

 

 

ЛОКАЦИЈА:

Центар СИНО

ул. Борка Талески 26/8-33

(во близина на ОУ Ј.Х. Песталоци), Скопје

 

ТЕРМИНИ: 

УТРИНСКА ЈОГА, понеделник и четврток (10:00-11:15)

ПОПЛАДНЕВНА ЈОГА, вторник и четврток (18:15-19:30)

 

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ на raduvajse@gmail.com или со пополнување на контактната форма

 

 

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s