Афирмациите претставуваат моќни зборови кои го привлекуваат она што со/во нив се (ис)кажува.
Афирмацијата ја отвора вратата. Таа е почетна точка на патот на промената. Секоја мисла што ја мислиме и секој збор што го кажуваме претставува афирмација.
За да создаваме радост, изобилство, среќа потребни ни се позитивни афирмации. Повторувајќи ги секојдневно тие имаат моќ да го променат нашиот живот – на подобро!