- дали тоа беше година исполнета со вредностите во кои веруваме?
- дали доволно ги искажавме љубовите на нашето срце?
- дали ги манифестиравме љубовите на нашето срце?
- бевме ли истрајни да ги постигнеме висините кон кои се насочивме?
- кои волшебни моменти ги создадовме?
- што се случи со нашите планови?
- се соочивме ли со нашите стравови?
- ги проширивме ли нашите граници на издржливост и истрајност?
- ги видовме ли убавините кои се затскриваат од стравот?
- дозволивме ли да се опуштиме и да отпуштиме?
- побаравме ли помош?
- ја забележавме ли радоста на нашите блиски?
- подадовме ли рака иако се плашевме?
- уживавме ли заедно со птиците и смоквите на убавото летно сонце?
- си го прегрнавме ли детето кога најмногу не’ изнервира?
- се тргнавме ли од туѓите животи и се запрашавме за својот?
- ги преиспитавме ли нашите вредности?
- ги подобривме ли односите во нашето семејство?
- направивме ли нешто убаво за себе?
- се повлековме ли од сета гужва и бука за да ја чуеме сопствената смиреност?
- искреиравме ли нешто со сопствените раце?
- се насмевнувавме ли почесто на “туѓинци”?
- погледнавме ли некого директно в очи?
- се засрамивме ли некогаш?
- се заблагодаривме некому?
- во што се’ се заљубивме?