“Кога своите соништа и вредности ќе ги замените за туѓи со нив заминува и Вашата снага, што повеќе жртвувате од својата оригиналност, се’ послабo се чувствувате.
Мораме да најдеме храброст да речеме “не” на она што повеќе не ни одговара ако сакаме повторно да се пронајдеме себе и да живееме автентичен живот.” – Barbara De Angelis
Не живеејќи се себе си одделени сме од нашата креативност, одделени сме од изворот кој ни дава живост. Живеејќи ги туѓите животи, туѓите очекувања ние креираме лажна слика за нас. Единствено чувства на празнотија и незадоволство се вгнездени во нашите срца. Кога со сета храброст што ја поседуваме ќе се осмелиме нештата да ги погледнеме со сопствените очи, да ги чуеме со сопствената душа, да ги кажеме нештата кои навистина ги мислиме тогаш и ќе започнеме да го одиме патот кој е исполнет со задоволство и среќа.