Пораѓањето како иницијација

 

Највеличествени моменти за една жена се моментите кога таа започнува да станува мајка – додека го носи плодот во својата утроба и моментот кога таа станува мајка – кога започнува да се грижи за своето чедо, односно самиот чин на пораѓање.

Пораѓањето е низа од мигови кои ќе го осамостојат, малку повеќе од претходно, малото слатко суштество. Всушност пораѓањето е еден вид иницијација на малечкото – негово воведување во еден навидум поинаков свет од оној во кои свикнало да живее последните девет месеци.

Иницијација во корпоративниот свет значи унапредување – квалитативно преминување од една позиција на друга, додека во религиозниот свет таа значи премин од материјалниот во духовниот свет, односно воведување во поинаков свет, поинаква состојба.

Од самиот чин на пораѓањето иницијација добиваат и малечкото и мајката. Кога зборувам за “пораѓање” мислам на природно, свесно пораѓање, пораѓање со болка, пораѓање во кое се сведени на минимум сите хемиско-механички интервенции. Всушност болката не’ воведува во иницијацијата, и нас и бебето. Таа величевствена болка, убава болка која не’ подготвува за се’ што понатаму ќе следи, таа трансформативна болка која знае да ги промени најнеубавите делови од нас. Болката, всушност, и не е болка. Ако не постоеше таа немаше да знаеме што е радоста. Со дозволувањето на оваа “голема болка” се отвораме, т.е. дозволуваме Голема Радост. Големата радост нема да биде толку голема ако не постои големата болка. Големата болка на мајката и’ овозможува големо срце, кое ќе биде најпотребно во сите наредни “тешки моменти” кога бебето не спие, не јаде, не дава простор за нас 🙂

И така, улогата на болката во светиот чин на пораѓање си има своја промисла. Сите обиди најлесно да го поминеме пораѓањето се всушност само недозволување на многу убавини да протечат низ нас и целото наше искуство.

Големата радост најмногу се пренесува на малечкото, таа е неговата духовна храна.

Да собереме храброст и да се препуштиме на нашата природа, зашто задоволството потоа е неизмерно.

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s