Мислите го “претставуваат” нашиот ум, а емоциите го “претставуваат” нашето срце. “Да претставува” значи да отсликува, да покажува, да прикажува.
Многупати сме збунети и не знаеме што се’ се крие во нашето срце или нашиот ум. А толку многу ни треба да дознаеме во одредени моменти.
Како ќе дознаеме какво е нашето срце: мило, весело, уплашено, тажно, разиграно… ? Како ќе дознаеме каков е нашиот ум: блескав, прекрасен, страшен… ?
Квалитетот на нашите искуства е и квалитетот на нашите мисли и емоции. Она што секојдневно го доживуваме, живееме, се всушност нашите мисли и емоции.
“Нашиот свет” е буквално “наш свет”.
А кога сме кај желбите, а уште повеќе кај нивното исполнување, тогаш важи следново: “Желбите се исполнуваат само кога имаме квалитетни мисли и емоции” – Каролина Јакимовска
Значи, на работа!
Убави искуства = убави мисли и емоции
Убави мисли и емоции = убави искуства