“Она што ќе го посееш тоа и ќе го пожнееш.”
Не може да биде поинаку. Не може да посееме жито, а да никне јачмен. Не може да бидеме нерасположени и непријатни и да имаме позитивни искуства. Едноставно, едното со другото не оди.
Ако исцедиме лимон, она што од него ќе излезе ќе биде лимонов сок – ништо друго!
Ако во нас има убави мисли и емоции, она што од нас ќе излезе кон надвор ќе бидат убави зборови и убави дела.
Истото со исто се привлекува.
Сличното со слично се (пре)познава.
Нашата внатрешна содржина е и наша надворешна тема.
~ Каролина Јакимовска