Нашето тело природно стреми кон здравје и енергија. Доколку нешто му се случи, било во форма на болка, било во форма на некаква непријатност, тоа ни дава сигнали. Болеста е всушност знак дека природниот баланс е нарушен и дека повторно треба да се воспостави рамнотежа во некој дел. Во секој случај, секогаш кога ќе искусиме некаква абнормалност ние тежнееме набрзо да се вратиме во нормала.
Како што постои физичката болка која не’ предупредува дека можеби нешто не е во ред со одреден дел од телото, така постои и емотивната болка која ни укажува дека можеби нешто не е во ред со некој сегмент од нашиот емотивен, односно ментален живот.
Виталноста и здравјето се природна состојба на телото, додека мирот и радоста се природни емотивни состојби.
Секогаш кога ќе доживееме состојби кои не претставуваат мир и задоволство, тогаш нешто недостига: нешто не е во ред со она што го мислиме, зборуваме или правиме.
Несреќата во нашиот живот е исто што и болката во нашето тело.
Незадоволството, нерадоста, несреќата се како некои гласници кои ни кажуваат дека нешто не е во ред со конкретната ситуација.
Но и покрај се’, покрај сите внатрешни сигнали – повторно не се слушаме. Зошто?
Постојат три големи невистини упатени на адреса на среќата. Во помала или поголема мера се “фаќаме” како веруваме во некоја од нив.
Првата невистина: “не е во ред да ја бараме сопствената среќа пред среќата на другите”. Најпрво треба другите да ги усреќиме, а за нас – ако остане нешто.
Се’ што правиме во животот е тенденција да доживееме среќа, убавина, задоволство. Ние, луѓето, тежнееме кон среќата. Како можеме да дадеме некому нешто а самите тоа да не го поседуваме. Како можеме да дадеме среќа ако самите сме несреќни. Најдобар начин да ги усреќиме другите е самите ние да бидеме среќни и задоволни. Ако сакаме другите да бидат со нас среќни, тогаш треба да го правиме и живееме она што нас самите ќе не’ задоволи и исполни.
Втората невистина: “овој живот ни е даден да им служиме на другите”.
И повторно невистина поврзана со првата. Како ќе им служиме на другите ако самите немаме доволно сили и енергија да си служиме на себе си? Ако ние сме среќни и задоволни, тогаш ќе можеме да им служиме на другите со среќа и задоволство, во исто време правејќи го нивниот живот побогат и порадосен.
Третата невистина: “нечија дефиниција за среќа е и мој рецепт за среќа”. Она што другите го сметаат за среќа треба да биде и моја среќа.
Среќата има онолку облици колку што има и различни луѓе. Секој среќата ја доживува индивидуално, посебно, со сопствените сетила, впечатоци, ставови, погледи… Не постои една дефиниција за среќа.
Кога треба за нешто да се одлучиме, дали е тоа работа, врска, некаква одлука, единствениот вистински начин за правилно постапување е да стапиме во контакт со нашите емоции и да го слушаме сопственото срце. Само таму лежат вистинските одговори.
Ви благодарам што го прочитавте написот за тоа како да препознаеме кој е нашиот вистински внатрешен глас. Слободно споделете го со други и искоментирајте подолу!
Прекрасно е! 🙂
Убав блог посветен на нешто што навистина треба сите да го знаат.
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Дефинитивно. Бескрајни и интересни теми! 🙂
Ми се допаѓаМи се допаѓа