Оставени сами на себе лошите ситуации имаат тенденција да станат уште полоши. Избегнувањето, несоочувањето со нив, помислата дека сами од себе некако ќе се решат е само можност тие да се влошат. Тоа не е решавање на проблемот.
Како и да е, во одреден момент, ќе мораме да се соочиме со ситуацијата.
Постои една стара изрека која вели дека нема да го решиме проблемот доколку останеме на нивото на кое тој е создаден. Тоа значи дека би требало да заземеме малку поинаква перспектива, да смениме нешто во нашето однесување или мислење за да можеме да дојдеме до поволното решавање. Колку побрзо започнеме да ја користиме среќата како мерка за вистинитост, толку побрзо ситуацијата ќе ја погледнеме од друг агол.
Многумина работат многу напорно за да стигнат до некој посакуван резултат. Единственото нешто што го добиваат од работата се само незадоволство и фрустрација. Кога станува збор за нивната среќа, вистинскиот одговор лежи во тоа дека можеби тие луѓе би требало да работат некоја друга работа, или можеби да ја работат истата работа, но на друго место или пак да ја работат истата работа со други луѓе – или можеби сите три заедно.
Потребна е смелост јасно да се дефинира сопствениот живот по сопствени стандарди. Најчесто не сакаме да си признаеме за незадоволството, не сакаме да се запрашаме што е она што всушност ни задава тешкотии. Се плашиме од одговорите – кои сигурно од нас ќе бараат напор и работа – за нашата среќа!
(1) Каков би бил мојот совршен живот, што всушност јас сакам од својот живот: здравје, среќа, просперитет, убави врски, внатрешен мир, патувања, кола, облека, пари?
Секој од нас е одговорен да си ги постави овие прашања, да се запраша себе си, а не да копира нечиј друг живот. Тука лежи убавината. Кога ќе се запознаеме себе си, си го запознаваме и сопствениот ритам, пулс.
(2) Со кого во мојот живот не сум потполно среќен/среќна? Најважно прашање! Тогаш, зошто останувам со некого, а сакам да сум среќен/среќна?
Третото прашање ни дава идеја за тоа каде можеме да ја побараме својата среќа. (3) Кога ќе си го погледнам сопствениот живот наназад со кого, каде, кога, сум бил/била најсреќен/најсреќна? Кои биле тие ситуации, што сум правел/правела?
Среќата е најлегитимен стандард со кој треба да ги оценуваме личностите и ситуациите во нашиот живот. Но…
Потребни се мудрост, смелост, издржливост да си го организираме животот на начин на кој ќе не’ направи позадоволни и поисполнети личности.
Веднаш да започнеме со оживување на заспаните соништа! Таквото оживување може да ни одземе недела, месец, година, но тоа воопшто не е важно. Важно е да и’ се приближиме на нашата визија. Ќе бидеме попозитивни, пооптимистични, посигурни и со чувство дека навистина ја живееме својата суштина.
Ви благодарам што го прочитавте написот за тоа како да препознаеме кој е нашиот вистински внатрешен глас. Слободно споделете го со други и искоментирајте подолу!