Квалитетот на нашиот живот е детерминиран од три нешта: како се доживуваме себе си, колку сме среќни и на кое ниво е нашата самодоверба.
Нашиот ум е како градина, доколку не посадиме цвеќиња и доколку не се грижиме добро за нив – ќе никне плевел.
Повторувањето на позитивни афирмации повеќепати во текот на денот ја зголемува самодовербата, ги подобрува односите со себе и со другите, ги зацврстува позитивните ставови. Нивното свесно повторување во текот на триесет дена може значајно да ги промени нашиот внатрешен и надворешен свет.
Јас се сакам себе
Јас можам да направам се’ што ќе наумам (во позитивен контекст)
Јас секојдневно се подобрувам
Јас сум битен/битна, важен/важна
Јас сум успешна/успешен во се’ што правам
Јас сум сакан/сакана
Јас сум јака/јак
Јас се надевам
Јас ги реализирам моите замисли
Јас сум упорен/упорна
Јас верувам во себе
Јас смирено се соочувам со моите стравови
Јас сум прекрасна личност
Јас искрено се сакам и се почитувам себе
Јас сум способна/способен креативно да им пристапам на проблемите
Јас сум полетен/полетна и имам многу енергија
Јас размислувам како победник
Јас го ценам секој момент од денот
Постои решение за секој проблем
Јас чувствувам радост
Јас имам мноштво од можности
Јас секојдневно сум инспириран/инспирирана за акција
Јас мислам позитивно, јас зборувам позитивно. Моите дела се позитивни
Јас зрачам позитивна енергија
Се’ што правам е проследено со успех
Јас ја гледам позитивната страна во сите ситуации
Јас управувам со сопствениот живот
Денес, насекаде ќе ширам радост и задоволство
Ви благодарам што го прочитавте написот за важноста на позитивните афирмации во градењето на позитивен карактер. Слободно споделете го со други и искоментирајте подолу!