Нашите мисли ја креираат нашата иднина

radiate love

Со секоја мисла што ја мислиме и со секој збор што го кажуваме ја создаваме, креираме нашата иднина. Нашите мисли и зборови се претвораат во наши искуства. Со мислите, зборовите сликаме на платното на нашиот живот. Ние креираме!

Сето ова е едноставно – но не е лесно да го прифатиме овој факт. Кога ќе станеме свесни дека ние ја создаваме нашата реалност, тогаш ќе можеме и да ја преземеме одговорноста за се’ што ни се случува. Ќе можеме да ја преземеме одговорноста дека она што не го сакаме можеме и да го промениме.

Најчесто размислуваме механички, несвесно. Брзо и импулсивно реагираме на надворешните ситуации. Мислите и зборовите, едноставно, истекуваат од нас. Многупати не се сеќаваме што сме кажале.

А мислите и зборовите имаат моќ на привлекување.

Многу е важно, периодично, да се запрашуваме: Што мислам во овој момент? Дали сакам оваа моја мисла да ја креира мојата иднина? Дали сакам да го искусам она што оваа мисла ми го покажува?

Потребно е време да се променат мислите, но нивната промена не е невозможна.

Доколку започнеме да ги приметуваме сопствените мисли, тогаш оние кои не ни се допаѓаат можеме и да ги промениме.

Повторувањето на позитивни афирмации може значајно да ги промени несаканите мисли, а со тоа и надворешните ситуации и околности. Може да се повторуваат неколкупати во текот на денот, да се започне денот со нив, да се повторат пред спиење, навечер, се’ додека не станат навика.

Потребна е дисциплина, истрајност.

Ако мислиме добро за себе, ако нашата самодоверба е на здраво ниво, ако се почитуваме себеси, тогаш и нашите искуства ќе бидат рефлексија на сето она што е содржано во нас.

Афирмациите се како посадено семе. Во моментот можеби резултатите нема да бидат видливи, но промени, постепено, ќе се случуваат – се’ до крајниот резултат – плодовите од посаденото семе! Сме го посадиле семето и очекуваме тоа да вроди со плод, постепено. Растењето, промената е процес. Ако условите се добри, семето ќе порасне во прекрасно растение.

Ви благодарам што го прочитавте написот за важноста на мислите во креирањето на животните искуства. Слободно споделете го со други и искоментирајте подолу!

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s