Да се биде задоволен е прекрасно чувство. Но како да се стигне до таму? Како да се биде задоволен? Не е секогаш лесно да се постигне баланс помеѓу бескрајните желби и она што го имаме во моментот.
Еве неколку работи кои можат да го подобрат чувството на задоволство:
- Присетете се на убавите нешта во Вашиот живот. Кога ќе бидете незадоволни поради фактот дека го немате она што го посакувате застанете за момент и видете ја убавата страна од Вашиот живот. Фокусирајте се на она што го имате и бидете среќни заради тоа.
- Застанете и потсетете се. Кога нема да Ви се допаѓа однесувањето на некои луѓе и кога ќе сакате да ги промените, застанете, длабоко вдишете и обидете се да ја прифатите таа личност онаква каква што е. Единствената личност што можете да ја промените сте самите Вие. На тој начин ќе се промени Вашиот светоглед, а со тоа и односот на другите кон Вас.
- Застанете и запрашајте се зошто нешто посакувате. Кога нешто сакате да купите запрашајте се дали тоа е вистинска потреба или само конзументско сакање. Зошто нешто сакате? Не сте задоволни со она што го имате? Зошто не сте задоволни?
- Ценете го својот живот. Уживајте во Вашиот живот. Бидете благодарни за сето убаво што Ви се случува. Често заблагодарувајте им се на луѓето кои Ви значат.
- Покажете им на луѓето дека ги цените. Гушнете некого, насмевнете се некому, поминете време со драга личност.
- Дишете и насмевнувајте се. Кога ќе одвоиме време длабоко да дишеме и да се насмевнуваме се менува нашиот поглед на нештата, на светот.
- Научете да уживате во едноставните работи. Наместо да купувате скапи работи и да трошите пари на забава научете да уживате во работите кои се бесплатни. Разговори и прошетки, спортување во природа, дружба под отворено небо…
“God’s gifts put man’s best dreams to shame.” – Elizabeth Barrett Browning
“If you have a garden and a library, you have everything you need.” – Cicero