Кога нашите очекувања ќе ги насочиме кон резултатите кои ги посакуваме, чуда се случуваат! Да дозволиме настаните да се одвиваат и да очекуваме позитивни одговори на нашите прашања! Да го замислиме посакуваниот резултат како тој веќе да се остварил, да го помирисаме, допреме, вкусиме…
И кога нема да ни биде толку лесно да се свртиме кон конструктивното, да собереме сила и храброст да мислиме токму на него – да го поздравиме убавото што е присутно во моментот и да го почекаме убавото што ќе следи – само трпение!!!