Доколку сакаме да напредуваме мораме да преминеме од зоната на сигурноста во зоната на предизвиците и да создадеме нови навики кои ќе ни го обезбедат остварувањето на она што го посакуваме.
Менување на перспективата значи да не се бориме против она што не го сакаме, туку да му се приближиме на она што го сакаме, радувајќи се на секоја промена.
Да престанеме да се фокусираме на она што мнозинството го мисли и да се свртиме кон сопственото срце. Со текот на времето сè подлабоко ќе зануркуваме во својата изворна невиност. Не е важно со што човек се занимава – доколку своето го работи со љубов, несебично, искрено и автентично, душата постојано се обновува – таа ја прифаќа секоја промена.
Најнепроменливото нешто коешто постои е самата промена. Промената е неизбежна – затоа да ја прифатиме со широко отворени раце и отворено срце – без предрасуди! Сè тече, сè се менува. И ние се менуваме. Во кои насоки – тоа зависи од нас, од нашите секојдневни избори. А веќе кога имаме избор – да се менуваме на подобро. Позитивни мисли, позитивни емоции, позитивни дела. Ова е едноставна тријада која носи моќни резултати. Доколку сакате да го постигнете она што го сакате – мислете, чувствувајте и делувајте ПОЗИТИВНО!
~ Радувај се! Lifestyle