Испробајте некои од следниве начини за зголемување на Вашата сила и уверете се во нивната ефикасност.
Престанете да се жалите. Размислете за ситуациите кои ги нарекувате “проблеми”, и проверете ја Вашата способност за преувеличување на истите.
Променете. Доколку нешто не Ви се допаѓа, променете го. Она што го игнорираме продолжува да расне. Менувајте чекор по чекор.
Не судете. Судењето е поврзано со Вас, не со другите. Ако нешто забележувате кај другите – со сигурност го имате кај/во себе.
Мотивирајте се. Правете повеќе од она што го сакате, а помалку од она што морате.
Пресоздадете ја приказната за/на Вашиот живот. Фокусирајте се на позитивните моменти од минатото, забележете ги убавите моменти сега и креирајте волшебна иднина.
Насмевнете им се на стравовите. Кажете им дека ќе размислувате за нив наредната недела, па понаредната, и така до крајот на годината кога и, всушност, ќе заборавите на нив.
Престанете да страдате. Не сфаќајте ги работите лично . Она што луѓето го прават се однесува на нив самите. Ваше е како Вие реагирате.
Изберете да бидете пријатни и љубезни. Бидете трпеливи. Научете да слушате. Поделете комплименти. Изберете од љубов.
Одржувајте ги ветувањата. Вашиот збор злато вреди!
Преминете преку себе. Извинете се. Кога не сте во право, признајте. Отстранете ја потребата да бидете секогаш во право.
Бидете великодушни. Давајте со отворено срце. Почастете. Дарувајте. Помогнете.
Дозволете си неуспех. Научете од неуспехот. Истражувајте повеќе. Обидувајте се. Поголемиот дел од луѓето се откажуваат прерано.
Бидете сочувствителни. Помогнете. Видете. Слушнете. Зачекорете во туѓите чевли!
Искажете се себеси. Покажете се себеси, своите квалитети, соништа, визии…
Престанете со обвинувања. Овде сме кадешто сме заради нашите избори во минатото. Ние избираме!
Заблагодарувајте се постојано – за она што го имате, за животот кој Ви е даден, за тлото по кое газите, за воздухот кој го дишете…
Доколку имате нешто да додадете – повелете искоментирајте! Доколку Ви се допадна – споделете! 😉