Простувајќи му на оној што нè повредил се откажуваме и од повредениот, односно делот од нас кој страда и е во улога на жртва. Се откажуваме од нашата приказна. Повеќе не постои жртва. Продолжуваме.
Всушност, преку чинот на простување се откажуваме од бескрајниот круг на огорченост и лутина.
Нашата моќ е повторно наша, повторно стануваме пријатни луѓе, се раѓа надежта и се отвора вратата за нови, поквалитетни пријателства.
Кога простуваме го повикуваме Доброто да зачекори во нашиот живот.
Најпрво простете си себе. Престанете да се критикувате, да се омаловажувате, да не ги цените сопствените емоции и искуства. Простете си за Вашата “несовршеност”. Бидете нежни со себе, бидете трпеливи и дозволете си ги нештата кои го разигруваат Вашето срце. Зашто ги заслужувате.
Сите правиме грешки. Побарајте ја лекцијата што Ви ја нуди самото искуство.
Научете ја лекцијата, отпуштете и раснете.