- Единствените луѓе кои се вредни за Вашето внимание, едноставно, Ве сакаат онакви какви што сте – без посебни паради за освојување на нивните гласови.
- НИКОЈ, навистина НИКОЈ не знае што е најдобро за Вас – освен самите Вие.
- Вие и само Вие сте единствените луѓе кои можат да го сменат Вашиот живот – никој друг.
- Општествените мерки за вредност се потполно безвредни – игнорирајте ги.
- Животот не е трка – немате потреба да се докажувате; секој оди по сопствениот пат, сечиј пат е потполно автентичен.
- Дозволени се грешки, падови, станувања, продолжувања… Толку е едноставно.
- Во секој случај – не можете сите да ги задоволите. Обидете се. Секогаш ќе се најде некој незадоволен. Затоа, не се ни обидувајте…
Не Ви требаат овации, промоции, тапкања по рамо, милион долари… Доволни сте си онакви какви што сте токму сега, токму овде. Не морате ништо, никому да докажувате и покажувате. Помалку грижете се за тоа како им се чините на другите, а повеќе запрашувајте се како Вие се доживувате себе. Вашата вредност зависи единствено од ВАС.