Кaко да пронајдете инспирација

inspirationДоколку во последно време имате чувство како да сте се заглавиле во секојдневните рутини, сакате, а тешко Ви е да излезете од Вашите ментални шеми, обидете се со следниве идеи кои можат да Ве размрдаат и да внесат свежина, радост и инспирација во Вашето секојдневие.

Прошетајте во природа, тргенете се од бучните трговски центри, продавници, маркети. Осетете мир и тишина, слушнете природни звуци, погледнете природни бои, почувствувајте дека сте дел од природата.

Медитирајте или практикувајте јога. И двете Ве носат во сегашниот миг, Ве смируваат, Ве опуштаат, ги растопуваат негативните мисли и емоции, ги освежуваат телото и духот. Едноставно, се чувствувате препородени и спремни за нови предизвици.

Практикувајте длабоко дишење. Така навлегувате длабоко во себе и ги наоѓате одговорите на Вашите прашања. Кога се фокусирате на дишењето одите од еден свет во друг – од надворешниот во внатрешниот, Ваш свет.

Гледајте инспиративни видеа, филмови, прочитајте инспиративна книга или напис од списание, блог кои Ви се допаѓаат.

Направете нешто што отсекогаш сте посакувале, но сè уште не сте нашле храброст. Бидете храбри и направете го!

Научете нешто ново. Нова вештина, нов јазик, сменете го Вашиот имиџ, научете нов збор кој често ќе го употребувате во Вашиот речник…

Направете си табла за визуелизација. Тоа е табла (плутена табла, поголем картон) на која ќе ги закачите сите Ваши желби во форма на слики (инспиративни слики од списанија) и зборови (мудрости, афирмации). Поставете ја на место каде секојдневно ќе ја гледате и ќе се потсетувате и инспирирате за сè она што сакате да го постигнете.

Посетете семинар или предавање на кое ќе запознаете луѓе со слични интереси како Вас.

Слушајте музика која Ви ги разигрува срцето и телото.

Пишувајте дневник. На тој начин најлесно ќе стапите во контакт со сопствените мисли и емоции, а истовремено најбезбедно ќе се ослободите од нервоза и напнатост.

Земете си слободен ден во кој ќе правите нешто креативно, а може и ништо да не правите – едноставно да бидете!

Кажете си дека свесно ќе се ослободите од нешто кое веќе не Ви оди во прилог (мисла, емоција, храна итн.)

Спремете си вкусен оброк, купете си нешто што одамна го посакувате, посетете пријател, насмевнете се…

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s