Создавајте ја убавината во сопствениот живот.

 

 

Простувајте! Кажете си: “Му простувам на ________ (името) и си простувам себеси. Испраќам љубов до обајцата.”

Обидете се да разберете. Разберете го однесувањето на другиот, зошто тој се однесува така; можеби се наоѓа во, за него, непријатна ситуација, можеби е навреден, можеби е потребно дополнително да го објасниме она што ние го чувствуваме.

Сменете ги своите ставови. Експериментирајте со сопствените ставови. Обидете се на ситуациите да погледнете од различен агол. Она што го сметате за лошо можеби и не е толку лошо. Размислете.

Сменете ја сопствената приказна. Забележете како ја презентирате приказната на својот живот. Како зборувате за себе и за сè што Ви се случува. Дали зборувате со почит кон себеси и сопствените искуства, или пак се омаловажувате постојано? Забележете. Доколку има потреба сменете ја приказната. Раскажувајте ја убавата, веселата страна. Најдете ги убавите мигови и презентирајте ги – преку своето однесување и преку она што го зборувате. Верувајте во сопствените позитивни искуства, во нивната моќ да привлечат уште повеќе позитивни искуства.

Креирајте! Научете да танцувате на дождот. Изборете се со секојдневните рутини и најдете време да создадете нешто Ваше, нешто автентично и оригинално. Потсетете се дека сте моќен креатор на убавината во сопствениот живот.

Дадете љубов – и ќе осетите љубов. Чувствуваме љубов кога даваме љубов. Дадете им го на другите она што сметате дека потајно го посакуваат, подарете внимание, насмевка, помогнете, подарете дел од Вашето скапоцено време. Почувствувајте љубов во самиот чин на несебично давање.

Ценете го овој волшебен живот. Секојдневно заблагодарувајте се за убавините во Вашиот живот. Осетете благосостојба, осетете го изобилството насекаде околу Вас. Животот е прекрасен подарок кој треба да се прифати со верба и отворени раце, подарок кој вреди да се чува и негува. На крајот единствено што останува е колку тој подарок бил исполнет со љубов.

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s