5 Трикчиња за поголема лична ефикасност

labyrinthЈасно и прецизно дефинирајте ги своите цели. Имајте приоритети. Секојдневно поставувајте си по три цели – ни повеќе, ни помалку, три! Поставете си по три приоритети и на месечно и на годишно ниво. Фокусирајте се и на три главни цели кои сакате да ги постигнете во текот на Вашиот живот, цели кои всушност ќе го обележат Вашиот живот. Кога имаме цел ние се форсираме да ги подредиме работите на важни и неважни – што е клучниот момент во остварувањето на важните цели. Кога правите сè, на крајот ќе излезе дека не правите ништо. Затоа, имајте приоритети!

Избегнете ја “проголтувачката моќ на мониторот”. Да, на мониторот од Вашиот компјутер. За миг, додека да трепнете, веќе се наоѓате на некоја страна која и баш не Ве интересирала, но еве веќе “и тоа како Ве интересира”, и не можете да ја оставите, и не можете да довршите со гледање фотографии, и… а работата по која што тргнавте Ви остана незавршена. Затоа, свесно пристапете му на компјутерот, и уште пред да се сретнете со “Вашиот пријател” најавете му колку време ќе се задржите со него. Јасно дефинирајте, дури употребете и штоперица. На тој начин ќе спасите многу драгоцено време кое можете да го вложите во пријателства со реални луѓе, ќе бидете учесници во реални ситуации во Вашиот живот, и нема да си создавате дополнителен стрес во и така ни стресното секојдневие.

Научете да кажувате НЕ. Доколку сте од оние кои постојано им угодуваат на другите, а сопствените задачи и обврски ги занемаруваат (за да бидете прифатени, сметани за ДОБРИ, ФИНИ и сл.) време е да научите на културен начин да кажете НЕ на сè она за кое што немате време, не Ви се допаѓа и сл. Не е некултурно или себично да се одбие нечија понуда. Сите сакаме да сме великодушни и да помагаме, но времето ни е ограничено, и од нас зависи како ќе го искористиме. Бидете искрени со другите – не дозволувајте да бидете презафатени.

Поделете ги своите грижи со другите. Поврзете се со блиските, разговарајте, симнете го товарот од Вашите плеќи и олеснете си го постоењето. Кажете ги работите и изнесете ги на виделина – така ќе започнете и да ги разрешувате – но прво мора да ги кажете. Сите сме поврзани, и единствената смисла на нашето постоење е комуникација со другите-надвор-од-нас. Дозволете си комуникација. Оние кои Ве сакаат и Ве почитуваат нема да Ве обвинат или исмеат. Отворете им се на оние во кои верувате. Ќе Ви биде полесно и… ќе Ви се намалат грижите. Најчесто нашите грижи се неосновани, па затоа, добро информирајте се за она за кое што тегобно се грижите. Можеби Вашите грижи и не се грижи, можеби се само Ваша неинформираност или само погрешна информираност. Проверете! …и направете план како да ги решавате Вашите грижи чекор по чекор. Разговарајте, разговарајте, разговарајте!

Фокусирајте се на луѓе или на проекти кои се вредни за Вас. Можеби “таквите” ќе Ве чинат многу време, многу напор, многу неизвесности, но на крајот, ох на крајот, Вие ќе сте сведок на тие убавини… Вие ќе ја имате таа чест да ги имате тие непроценливи искуства, со тие луѓе и со тие проекти… Но, за да можете да им се посветите на нештата кои се вредни за Вас, треба да се дефокусирате од нештата кои не се вредни за Вас. Оттргнете се од сè она кое не е во Ваша полза (работи кои не Ви се интересни, луѓе кои Ве повредуваат, места и настани кои не Ви се допаѓаат итн.) и посветете им се на нештата кои Ве хранат и подигнуваат во секоја смисла. И повторно, да не направиме грешка – фокусирајте се на неколку вредни нешта, не на премногу (во тој случај нема да постигнеме ништо со работите кои ни се допаѓаат). Само мудро. Интересни нешта, примамливи нешта, но – само неколку – за проектите и врските да бидат квалитетни и исполнувачки…

~ Каролина Јакимовска

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s