Застанете! Затворете ги очите. Длабоко вдишете, и полека издишете. Започнете да се поздравувате со мислите, со претставите, со перцепциите…
Продолжете со дишење. Осетете го просторот во градите. Бидете свесни за секое вдишување и издишување.
Една врата се затвора, а друга се подотвора. Кажете им збогум на едни, поздравете се со други. Слезете во градите, не мислете, дишете, чувствувајте… Не плашете се, нема да ја изгубите контролата, ќе го задржите правецот, а сепак – нема Вие да управувате. Тргнете ги рацете од воланот. Толкаво олеснување се крие во сознанието дека возите и кога не возите.
Дозволете си таква “екскурзија”.
Без планови, без дестинации, без нападни креации.
Бидете овде и сега, допрете, вкусете, погледнете.
Наназад – празно, нанапред – повторно празно. Само сега е полно, позитивно, присутно, само СЕГА. Користете!
~ Каролина Јакимовска