- Одете во природа, “вистинска природа”, онаа недопрената, дивата, спонтаната.
- Допирајте цвеќиња, лежете на трева, гушкајте дрвја – секојдневно изложувајте се на сонце и дневна светлина.
- Уредете го Вашиот двор или балкон во “природен фазон”: посадете полско цвеќе, многу зеленило, декорирајте со каменчиња и песок. Ќе привлечете многу малечки гости во Ваша близина.
- Облечете се во стилот на пролетта. Носете весела, светла облека која рефлектира светлина. Комбинирајте бои – копии на Вашата природна, пролетна околина.
- Јадете сезонско, свежо овошје и зеленчук – по можност од Вашата најблиска околина. Одбирајте различни бои и форми!
- Вежбајте на отворено. Пешачете, возете велосипед, планинарете. Дишете длабоко!
- Бидете оптимистични, свежи, енергични… каква што е и пролетта. Размислувајте позитивно, надевајте се, верувајте во Вашите соништа и визии. Прегрнете ги силата и енергијата содржани во пролетното сонце.
- …максимално дружете се со “пролетва”!
Like this:
Ми се допаѓа Вчитувам...