Во центарот на Вашето битие лежи одговорот; Вие ЗНАЕТЕ кои сте и Вие знаете што сакате. – Lao Tzu
Бидете ИСКРЕНИ со себе и откријте што навистина сакате.
Запомнете. ВИЕ точно знаете што сакате, не другите – ВИЕ!
Преземете АКЦИИ кои се во согласност со Вашите желби и потреби.
Oбидете се да се ЗАМИСЛИТЕ себеси за пет години. Каде сте, каква работа работите, како изгледате? Можеби оваа Ваша замисла ќе Ве донесе поблиску до одговорот на Вашето прашање.
ЗАПРАШАЈТЕ СЕ и ОДГОВОРЕТЕ:
- Што е она што ме исполнува со возбуда и ентузијазам?
- Кои се моите најголеми достигнувања, досега, во мојот живот?
- Како би се однесувал/а доколку никој не ме осудува за моите постапки?
- Доколку, во мојот живот, не постојат граници во однос на она што можам да го имам, што е она што би го одбрал/а да го имам и што е она што би го одбрал/а да го правам?
- Што би правел/а во/со мојот живот доколку не морам да се грижам за пари, доколку ги имам во изобилство?
- Која е мојата најголема инспирација?
- Кои квалитети најмногу ги ценам кај другите?
Во Вашите прашања лежат одговорите. Осмелете се да прашате – ќе дојдете до многу одговори!