Чујте си го сопственото Срце, наслушнете што Ви зборува. Можеби не е лесно, можеби е потребно да се потрудите…
Каков е ритамот на Вашето Срце?
Каква песна пее Вашето Срце?
Чујте го неговиот ритам низ целото тело, толку многу стишете го умот…
Затворете ги очите и нека исчезнат сите надворешни стимулации – погледнете внатре, во Вашите гради, во Вашето Срце.
Понесете ги низ денот мирисите што ги осетивте тогаш, понесете ги низ денот емоциите што ги почувствувавте тогаш…
Бидете Едно Срце, Срце во Едно…