Отворен почеток и Отворен крај

image_of_peaceful_woman_standing_onСите обиди да се дефинираат работите, да се доведат до некоја системска, крајна форма, да се разберат нештата докрај за потоа мирно и спокојно да уживаме во сè што е пред нас се само безуспешни манипулации на умот.

Не постои такво нешто, нема дефиниции, нема ограничувања, сè е бескарајно и безгранично – освен умот.

Нема мир во мирот, спокој во спокојството. Постои мир само во неспокојот, во промените, трансформациите. Залудни се сите обиди да го посветиме животот на потрага по состојба која ќе биде совршена и перфектна. Не постои такво нешто. Не постои крајна дестинација во која ќе бидеме потполно одморени, совршени, со сите наши желби исполнети (барем не во овој наш човечки живот ;)) Всушност, може да се каже дека таа крајна дестинација е прифаќање на секој момент онаков каков што е – крајно совршен и величествен.

Убавината, слободата, креативноста, мирот, тишината лежат токму во мигот кога ќе го прифатиме сето несовршенство и кога нема да се бориме со него.

Едноставно прифаќаме. Се прифаќаме себе, другите, околината, земјата во која живееме, светот…

И од таа нова, смирена перспектива започнуваме да ЖИВЕЕМЕ – со Сè. Без страв, неспокој, грижи…

Се предаваме, го предаваме егото и завлегуваме во еден нов Тек, воден од Душата…

Само тогаш има Mир!

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s