Радоста во нашите животи се раѓа кога нашите енергија и фокус се насочени на позитивното околу нас.
Радоста во нашите животи се раѓа кога сме благодарни за сите убави нешта кои го исполнуваат нашето постоење.
Преку размислување или запишување на следниве аспекти ја зголемуваме радоста во нас и околу нас:
+ ги ценам следниве мои квалитети: (наведете кои);
+ потсетете се најмалку на три нешта кои Вие сте ги креирале и кои имаат голема вредност во Вашиот живот;
+ запишете три работи од Вашиот живот за кои се приврзани убави, пријатни емоции;
+ потсетете се на неколку убави моменти кои се однесуваат на Вашите тело, ум и емоции;
+ помислете на пријател, на личност која Ви е блиска. Присетете се на особините кои Ви се драги и ги цените кај оваа личност. Спомнете и’ на личноста за овие особини кога ќе се сретнете, искажете го она што го мислите и чувствувате за својот пријател;
+ размислете за релација, однос, врска која многу Ви е важна. Запишете најмалку два аспекта кои се одвиваат хармонично;
+ забележете колку убаво се чувствувате кога сте насочени на убавото во Вашиот живот – зашто тогаш ја привикувате радоста, исполнетоста, спонтаноста, тогаш привикувате уште повеќе задоволство и креативност во Вас и околу Вас.
{photo: ohjoy.blogs.com}