Гласот!

Гласот!

Длабоко, од најдлабоките длабочини

се јавува глас, толку е нежен и тивок, молбен

убаво ми е со него, го чувствувам неговото присуство.

Ме прави јака, реална, вистинска.

Уживам скоро во сè кога го чувствувам,

мекнеам, се стопувам,

солзи течат и го влечат нагоре,

кон површината.

Тие се негови спасителки,

да биде чуен, да биде виден, да биде покажан, прикажан…

Ах, колку е реална мојава реалност!

Можам да гледам дури и без очила.

Не го очекував тоа…

Вербата е голема, многу е присутна, ја чувствувам во целово тело.

Се прашувам дали е ова вистинско,

доживеано од секоја моја клетка,

или е само ментално, проектирано, создадено?

Сигурна сум,

го има насекаде,

гласот одѕвонува насекаде,

го слушам, го гледам, има тежина и големина.

Вистински е!!!

{poem: Karolina Jakimovska, photo: art-is-try-artistry.blogspot.com}

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s