Новиот ден е и нов почеток. Почеток на нова приказна, нова мисла, емоција.
Новиот ден е и шанса, за простување, насмевнување, радување, сонување.
Новиот ден е можност да направиме различно, поинакво, оригинално.
Секој ден е нов ден, иако сличен на претходниот.
Секој ден е дарежлив ден, подарежлив од минатиот.
Секој ден е подарок, највреден од сите!
~ Каролина Јакимовска