Флексибилноста е неопходна доколку сакаме да останеме во комуникација со сопствената интуиција.
Држејќи се цврсто за нашите планови – пропуштаме вредни информации. Нашите емоции се тука, од миг во миг нè насочуваат кон она што е најдобро за нас. Нивното игнорирање и предавањето на нашето внимание на она што веќе сме го зацртале ќе значи и игнорирање на многу вредни пораки кои сакаат да допрат до нас. Умот ги отежнува работите, додека интуицијата е слободна во едноставноста, леснотијата, спонтаноста. Доколку чувствуваме дека и не сме баш волни да го направиме она што сме го испланирале, да застанеме за миг и да почувствуваме што е она што сакаме да го направиме. Можеби нашиот план и не е најдобриот план за нас, можеби и не најдоброто време за реализирање на тој план.
Кога веруваме во гласот на нашите емоции и кога делуваме во согласност со него, тогаш се поврзуваме со нашата интуиција, тогаш се поврзуваме со сè.