Се чини како нашите животи да се исполнети со многу врева, презафатеност, брзање и безначајни активности.
Што ако можеме да ја филтрираме сета таа врева и се фокусираме на она што е за нас значајно?
Што ако можеме да пронајдеме смиреност во сета таа постојана “бркотница”?
Верувам дека повеќето од нас ја имаат таа моќ. Во мојот живот, поголемиот дел од вревата е всушност мој избор – со текот на времето сите ние формираме одредени шеми на функционирање кои навидум изгледаат непроменливи.
Ајде да зборуваме за начини како да се филтрира таа врева, а подоцна и како да пронајдеме смиреност и поголема смисла во нашите животи.
Начини за филтрирање на вревата
За момент подзастанете и приметете ја вревата во Вашиот живот. Направете дури и список на сето она што го доживувате како “врева” или презафатеност.
На пример, вревата во мојот живот произлегува од: email, Whatsapp, Snapchat, Twitter, блогови и различни веб страни кои сакам да ги читам, пораки на мобилен телефон, Slack и гледање Netflix. Можете да имате и други извори: Facebook, Instagram, Messenger, вести, гледање телевизија.
Кога веќе сме свесни за тоа дека вревата постои, како да ја филтрираме, како да ја редуцираме? Треба да одлучиме дека сакаме повеќе тишина, смиреност и смисла во нашите животи, дека е сосема во ред и да пропуштиме некоја информација од сите овие “гласни” извори.
Тогаш, можеме и да преземеме акција:
- исклучувајте ги известувањата дека имате пораки на Вашиот телефон, лаптоп колку што можете почесто.
- одлучете дека Facebook, Twitter и Instagram ќе проверувате еднаш дневно. Другите можете да ги проверувате двапати до трипати доколку е потребно (како email или Slack). Поставете си граници.
- избришете ги апликациите кои Ви се чинат бесмислени (многу одамна го избришав мојот Facebook профил).
- кажете им на луѓето дека пораки проверувате еднаш дневно, да знаат што да очекуваат.
- определете дел од денот за гледање телевизија/филм. Определете точно време за читање вести/блог.
- доколку е потребно да бидете онлајн поради работа – договорете се со Вашиот шеф или тим одредени периоди во текот на денот да бидете офлајн – како би се фокусирале на поважни работи.
Доколку ги преземете овие акции, ќе го филтрирате поголемиот дел од вревата.
Што останува? Време за мир, тишина, фокус и смисла.
(продолжува, Пронаоѓање на мир и смисла)
автор: Leo Babauta извор: zenhabits.net превод: Радувај се!