Филтрирајте ја вревата

relax

Се чини како нашите животи да се исполнети со многу врева, презафатеност, брзање и безначајни активности.

Што ако можеме да ја филтрираме сета таа врева и се фокусираме на она што е за нас значајно?

Што ако можеме да пронајдеме смиреност во сета таа постојана “бркотница”?

Верувам дека повеќето од нас ја имаат таа моќ. Во мојот живот, поголемиот дел од вревата е всушност мој избор – со текот на времето сите ние формираме одредени шеми на функционирање кои навидум изгледаат непроменливи.

Ајде да зборуваме за начини како да се филтрира таа врева, а подоцна и како да пронајдеме смиреност и поголема смисла во нашите животи.

 

Начини за филтрирање на вревата

За момент подзастанете и приметете ја вревата во Вашиот живот. Направете дури и список на сето она што го доживувате како “врева” или презафатеност.

На пример, вревата во мојот живот произлегува од: email, Whatsapp, Snapchat, Twitter, блогови и различни веб страни кои сакам да ги читам, пораки на мобилен телефон, Slack и гледање Netflix. Можете да имате и други извори: Facebook, Instagram, Messenger, вести, гледање телевизија.

Кога веќе сме свесни за тоа дека вревата постои, како да ја филтрираме, како да ја редуцираме? Треба да одлучиме дека сакаме повеќе тишина, смиреност и смисла во нашите животи, дека е сосема во ред и да пропуштиме некоја информација од сите овие “гласни” извори.

Тогаш, можеме и да преземеме акција:

  • исклучувајте ги известувањата дека имате пораки на Вашиот телефон, лаптоп колку што можете почесто.
  • одлучете дека Facebook, Twitter и Instagram ќе проверувате еднаш дневно. Другите можете да ги проверувате двапати до трипати доколку е потребно (како email или Slack). Поставете си граници.
  • избришете ги апликациите кои Ви се чинат бесмислени (многу одамна го избришав мојот Facebook профил).
  • кажете им на луѓето дека пораки проверувате еднаш дневно, да знаат што да очекуваат.
  • определете дел од денот за гледање телевизија/филм. Определете точно време за читање вести/блог.
  • доколку  е потребно да бидете онлајн поради работа – договорете се со Вашиот шеф или тим одредени периоди во текот на денот да бидете офлајн – како би се фокусирале на поважни работи.

 

Доколку ги преземете овие акции, ќе го филтрирате поголемиот дел од вревата.

Што останува? Време за мир, тишина, фокус и смисла.

(продолжува, Пронаоѓање на мир и смисла)

 

автор: Leo Babauta               извор: zenhabits.net               превод: Радувај се!

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s