Откако веќе ја филтриравте вревата (текст: “Филтрирајте ја вревата”), ќе Ви останат уште неколку интересни ситуации за решавање:
- Менување на Вашите навики на постојана зафатеност и константно движење.
- Осознавање на она што е битно.
- Учење да се запре и да се остане смирен.
Сметам дека ова се одлични ситуации со кои е потребно да се соочиме. Повеќето од луѓето не се свесни за овие проблематики.
Одвојте време за да ја приметите Вашата постојана потреба за зафатеност и раздвиженост. На пример, доколку во одреден момент не правите ништо – чекате ред, сами сте во ресторан додека пријателот е во тоалет, си седите на кревет – што Ви доаѓа да направите, онака, од навика? Тоа е Вашата шема на зафатеност и постојана раздвиженост.
Сега видете дали можете да се ослободите од овие шеми. Бидете свесни за тие моменти и, во спротивно, одлучете се за смиреност и тишина. Обидете се само да седите и да ја приметите Вашата околина. Уживајте во моментот. Следете го Вашиот здив. Потсетете се на денот што изминува. Запрашајте се за што сè сте благодарни сега, во овој момент.
Започнете да градите нови “шеми на смиреност”. На пример, започнете го денот со утринска медитација, следење на здивот, дури и да трае и неколку минути дневно. Пешачете, наутро или навечер, без Вашиот телефон. Исклучете ги вашиот мобилен и компјутерот и запишувајте ги Вашите мисли, започнете да водите дневник.
Пронајдете активности кои се за Вас значајни. Не мора да ги правите секојдневно – можете да ги правите постепено за да Видите што Ви одговара. Водете дневник, медитирајте, вежбајте, згответе вкусен и хранлив оброк, исчистете го Вашиот домашен простор, излезете со Вашите блиски и драги.
Кога ќе забележите дека започнувате со брзање и “трчање”, застанете. Насочете се кон смиреност и кон Вашите активности кои му даваат смисла на Вашиот живот.
Градете го Вашиот живот врз основа на смиреност и смисла и забележета ја разликата.
автор: Leo Babauta извор: zenhabits.net превод: Радувај се!