Rainbow Relax Kids Skopje работилници за деца

 

Little Stars
Во тек се уписи во циклусот Relax Kids работилници за деца од 3 до 5 години (Little Stars) и работилници за деца од 6 до 12 години!

Relax Kids работилниците (Little Stars) ќе се одвиваат еднаш неделно, четири недели по ред, започнувајќи од 01.10.2018г. – 22.10.2018г. (секој понеделник, во центарот за личен развој Радувај се!), додека Relax Kids работилниците за дечиња од 6-12 години ќе се одвиваат еднаш неделно, четири недели по ред, започнувајќи од 05.10.2018г. – 26.10.2018г. (секој петок, во центарот за личен развој Радувај се!).

Се работи во малечки групи (максимум десет дечиња).

Заради ограничениот број на посетители на работилниците Ве молиме резервирајте го Вашето место навреме. Пријавување и детални информации за содржината и цената на работилниците на 075 782 071 или на raduvajse@gmail.com.

Добредојдовте на волшебното место каде што сите можат да бидат она што се и каде што волшепствата никогаш не престануваат! Место каде што сите деца се сакани, поддржани, сигурни и сфатени и каде што можат преку опуштање и игра да се забавуваат и учат на еден сосема поинаков начин. Место каде родителите можат да уживаат гледајќи како нивните деца растат во позитивни и со самодоверба исполнети личности, сигурни во себе и исполнети со љубов и среќа во се’ што прават.

Програми за децаRelax Kids работилниците се состојат од седум чекори преку кои децата учат да се смират, опуштат и фокусираат. Работилниците вклучуваат танц и движење, глума и релаксација, истегнување, заемна масажа, дишење, афирмативни искази, свесно внимание и визуелизации.

 

RELAX KIDS ПРОГРАМИТЕ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА:

да ги совладаат основните техники на опуштање и смалување на стрес
секојдневно да користат техники за опуштање
да ја ценат предноста на опуштањето
да станат свесни за сопствените емоции и да научат техники кои ќе им помогнат да се справат со нив
да се забавуваат додека вежбаат и учат да се опуштат
да развијат свест за сопственото тело и просторот
да стекнат ментална и физичка кондиција
да научат вештини за подобра концентрација
да го подобрат своето однесување
да имаат подобра слика за себеси и поголемо самопочитување
да ги поправат своите резултати на училиште
сами себеси да се утешат, да станат поодлучни

ПРЕДНОСТИ НА RELAX KIDS ПРОГРАМИТЕ

НА ЕМОЦИИТЕ И ОДНЕСУВАЊЕТО:

смирува, стишува и создава бистар ум
ја зголемува концентрацијата
поттикнува позитивно размислување
ги смалува нивото на стрес и психичката тензија
го подобрува помнењето
ја поттикнува способноста за слушање
развива самодоверба и самопочит
ги подобрува емоционалното здравје и емоционалната писменост
ја развива фантазијата, креативноста и го поттикнува доброто самоизразување
на децата им укажува на можноста како да излезат на крај со ситуациите кога се под стрес и се вознемирени

НА ТЕЛОТО:

се развива свеста за телото
се зголемува флексибилноста
се намалува физичката напнатост
се поттикнува лачење на ендорфин
се зголемува енергијата
поволно делува на мускулното опуштање
промовира здрав живот
има смирувачко дејство на нервниот систем
поттикнува координација и рамнотежа
влијае на подобрување на сонот
ја подобрува циркулацијата и го подигнува нивото на енергија
го подобрува имунитетот

МЕСТО:
Центар за личен развој Радувај се!, ул. Загребска 28Б (спроти Сава осигурување, КТК комплекс, Капиштец)

ВРЕМЕ:
Секој петок (01.10., 08.10., 15.10., 22.10.); 17:20-18:20h

ПРИЈАВУВАЊЕ и детални информации за содржината и цената на работилниците на raduvajse@gmail.com или на 075 782 071.

Се радуваме на заедничкото дружење и учење во магичниот свет на Relax Kids! Свет во кој се’ што ќе замислиме го остваруваме, свет во кој нашите деца го започнуваат денот со насмевки и срца исполнети со љубов, нежност, разбирање и самопочит!

https://raduvajse.com/relax-kids

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s