Пауза – моментот кој носи складност

 

relax

Дали сте приметиле колку се ретки во текот на денот моментите на мир – кога не мораме ништо, не брзаме никаде, никој не ни поставува прашања и единствените за кои сме одговорни сме самите ние? Паузата е запоставен, а многу важен дел од нашата животна сложувалка. Таа ни помага да ги ставиме во перспектива случувањата во нас и околу нас, како  и да се оттргнеме од сè непотребно кое го заматува нашиот фокус.

Потребно е да направиме пауза за да можеме да уживаме во животот и квалитетно да го поминеме времето со семејството и со пријателите. Ако себеси си ја скратиме паузата која ни овозможува да ја осетиме радоста на животот, љубовта и блискоста со драгите особи, зошто тогаш сите напори? Пауза можеме да направиме во различни ситуации. Во работата потребно е да ја правиме често за да не ни се случи синдромот на прегорување. Важно е да се препознае дека паузата во некои моменти е неопходна.

Оддишката пред да се започне со нешто ново, пред да се зачекори во непознато, можност е, на ниво на чувствата, да провериме дали сме донеле вистинска одлука. Тоа е како момент на потполна смиреност во кој сме го оптегнале лакот до максимум, но сè уште не сме нанишаниле со стрелата кон саканата цел. Оддишката при пауза ни помага подобро да се концентрираме и да станеме потполно сигурни во она што го правиме.

 

“Вистинскиот збор може да биде делотворен, но не постојат тие зборови кои би биле толку делотворни како пауза направена во вистински момент.” ~Марк Твен

 

 

извор: Sensa(rs), avgust 2018, превод: Радувај се!

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s