УМЕТНОСТА НА ГРИЖАТА ЗА СЕБЕ – РАБОТИЛНИЦА СПОРЕД POINTS OF YOU® МЕТОДИТЕ
Points of You® алатките за инспирација, учење и развој (The Coaching Game и Punctum) на длабок, моќен но и едноставен начин генерираат нови решенија и увиди при Вашите секојдневни предизвици.
Вистинска провокација е да се погледне на нештата од различна перспектива која дотогаш не ни била позната. Промените најчесто започнуваат кога сме спремни и отворени да ги искористиме шансите и да погледнеме од друг, поинаков агол.
Points of You® алатките поттикнуваат интеракција меѓу нашите интуиција и емоции од една страна, и нашиот логички и аналитички ум од друга страна. Игрите се базирани на асоцијативна поврзаност меѓу фотографија, тема и конкретна проблематика која самите ја избираме.
УМЕТНОСТА НА ГРИЖАТА ЗА СЕБЕ – РАБОТИЛНИЦА СПОРЕД POINTS OF YOU® МЕТОДИТЕ
Со помош на Points of You® алатките на креативен и автентичен начин поттикнете ја грижата за себе:
✨ На кои начини, зошто и во кои области се чувствувате лишени од: емоционална поддршка, време за себе, внатрешен мир, физичка енергија, сон и сл.
✨ Засакајте се себеси
✨ Употребете го својот глас
✨ Пронајдете ги Вашите ритам и рутина
✨ Научете да побарате и примите помош
✨ Креирајте ја Вашата апсолутна НЕ ЛИСТА
✨ Создадете животен простор кој Ве оплеменува
✨ Заштитете ја Вашата сензитивност
✨ Грижете се за Вашето тело
✨ Откријте скриена пасија
✨ Создадете Ваш Комплет за грижа за себе
Ви посакуваме да уживате во себе применувајќи ги алатките на Уметноста на грижата за себе во Новата 2020 година! 💫
ТЕРМИН: Скопје, 14 декември 2019
ВРЕМЕ: сабота, 10:00-13:00h
МЕСТО: Центар за личен развој Радувај се!, ул. Загребска бр.28Б
Работилницата ја води Каролина Јакимовска, POY сертифициран практичар, холистички коуч, инструктор по јога, Relax Kids тренер, дипл. професор по филозофија и етика, м-р на филозофски науки
raduvajse@gmail.com | www.raduvajse.com