Познато е дека умот и телото се поврзани. И дека нашите уверувања се отсликуваат на телото.
На пример, негативното доживување на себе се гледа и по држењето на телото, најчесто тоа е подвиткано или нагласено исправено. Не можеме ниту да замислиме истовремено постоење на депресија и сјај во очите или пак анксиозност и опуштени мускули.
Како ги менуваме уверувањата, така се случуваат и промени на телото. Одредени згрчени мускули стануваат опуштени кога одредени нереални уверувања ќе бидат заменети со реални.
Но, промената може да се случува и во обратна насока.
Добар пример претставуваат вежбањето и масажата.
Кога се занимаваме со телото нашите мисли сѐ повеќе се однесуваат на овде и сега, а сѐ помалку на таму и тогаш – што ни помага појасно да размислуваме.
Покрај тоа, бавењето со телото е манифестација на љубовта кон себе – што е лековито и за нашата душа.
~Др Данијела Будиша Убовиќ