21 ДЕН ЗА ОПУШТАЊЕ И РЕЛАКСАЦИЈА

Драги родители и дечиња, Ви ја претставуваме Relax Kids програмата 21 ДЕН ЗА ОПУШТАЊЕ И РЕЛАКСАЦИЈА која може да ја применуваат сите членови на Вашето семејство заедно!

💜 Оваа програма е дизајнирана да Ви помогне полесно да се справите со однесувањето на Вашето дете, да ја подобри детската концентрација, самодовербата како и полесно дечињата да заспијат применувајќи секојдневна релаксација.

Програмата е едноставна, забавна и релаксирачка за целото семејство. Всушност колку повеќе целото семејство се опушта толку повеќе за детето опуштањето ќе биде природно и лесно прифатливо. Секој сет од дневните вежби е едноставен и може да се сработи за неколку минути. Кога возрасните се смирени, среќни и задоволни, тогаш и децата се опуштени и смирени!

💜 Секој ден има по една вежба, афирмација и совет. Вежбите го поттикнуваат фокусот кај децата, може тоа да е визуелизација, истегнување или пак вежба за дишење. Афирмациите им помагаат на децата да развијат свесност за себе, самодоверба и позитивно чувство за себе, додека советот на денот поттикнува создавање на релаксирачка атмосфера во домот. Секоја недела има активност за Фамилијарна Chill (опуштачка) вечер каде целото семејство е заедно и се опушта.

🌞 ДЕН 1

📣 СОВЕТ НА ДЕНОТ

Намалувањето на внесот на шеќер и адитиви во исхраната на Вашето дете, односно намалената количина на шеќер во организмот значајно може да ја подобри концентрацијата и однесувањето на Вашето дете.

📣 ВЕЖБА

Путер што се топи

Замисли дека си парче путер кое се растопува на топло лепче. Замисли дека подот е топол како лепчето и дека ти постепено започнуваш да се топиш. Осети го целото твое тело како станува меко и олабавено. Колку долго можеш така опуштено и меко да лежиш на подот?

За повеќе картички со афирмации, како и информации за останатите продукти за опуштање и релаксација на деца и возрасни, следете нѐ на фајсбук страната на Rainbow Relax Kids Skopje,

http://www.facebook.com/RainbowRelaxKidsSkopje

 

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s