Имате желба да бидете задоволни со она што го имате, да го цените повеќе и да му се радувате.
Имате желба да бидете среќни, исполнети, и тоа често, не само кога ќе постигнете нешто што за Вас е вредно.
Сакате да бидете фокусирани и ефективни во работата и да ги постигнувате резултатите кои сте ги зацртале.
Ајде да ја предизвикаме благодарноста, за 21 ден да експериментираме и да видиме дали навистина е така како што велат, дека благодарноста е патот до среќата, и уште повеќе, дека благодарноста е самата среќа.
Навечер, кога завршува денот, споменете си за убавите моменти, потсетете се и запишете ги во Вашиот Дневник на Радоста.
Запишувајте, потсетувајте се, уживајте уште еднаш во сето она убаво што се случило. И на тој начин завршете го денот.
Ве охрабруваме да истраете 21 ден во оваа пракса, а доколку Ви се допаднат резултатите усвојте ја како Ваша редовна рутина пред спиење.
Направете си 21 копија од Радувај се Дневникот на Радоста и започнете го патувањето наречено БЛАГОДАРНОСТ!
Дневникот можете да го симнете тука: Дневник на Радоста