Приказна за 30 секунди: нашата среќа е во другите

Секој сака да има среќа во животот. Без оглед на тоа какви се животните околности и со што се соочуваме – потрагата по вистинска среќа се наоѓа во срцето на секое човечко суштество. Прашањето кое се поставува е: како? Како воопшто да започнеме да ја бараме среќата? Следнава приказна одговара на тоа вечно прашање на многу убав и интересен начин.

Група луѓе се собрале во просторија за семинар за животот и среќата, за да научат како да ја најдат среќата. Тие се стекнале со различни вештини и лекции за животот. Одеднаш, предавачот застанал и почнал да им дава балони на сите учесници. Тој побарал од секој учесник да го напише своето име на балонот. Потоа ги собрал сите балони и ги однел во друга просторија.

Потоа, тој побарал неколку волонтери да влезат во таа просторија и во рок од пет минути да ги пронајдат балоните со сопственото име. Секој од нив набрзина го барал својот балон, туркајќи се и судирајќи се со другите при што настанал хаос. Никој не можел да го најде својот балон во рок од пет минути и сите морале да се вратат во првата соба со празни раце.

Потоа им било кажано да одат повторно во другата просторија и по случаен избор да одберат балон и да му го дадат на лицето чие име е напишано на него. За пет минути секој со себе го имал балонот со своето име.

Предавачот рекол: „Ова е токму она што се случува во животот. Секој ја бара среќата наоколу, не знаејќи каде е. Нашата среќа е во среќата на другите луѓе. Дајте им ја нивната среќа, и вие ќе ја добиете својата среќа.”

И тоа е целта на човечкиот живот.

~ Радувај се! Lifestyle&Coaching

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s