4 јога техники кои ќе им помогнат на вашите деца да заспијат

Доколку вашите деца не можат лесно да заспијат навечер, обидете се со следниве јога техники како би им помогнале полесно да се опуштат и релаксираат.

Колку често вашите деца доаѓаат кај вас во 22 или 23 часот, разбушавени и вознемирени, велејќи: „Не можам да заспијам!”? Ви предлагаме четири ефикасни јога техники како би им помогнале на вашите деца да се релаксираат и да се опуштат после денот полн активности.

Ве охрабруваме да ги испробате овие техники најпрво за себе. Откријте што ви одговара и дајте им свој уникатен печат кога ги споделувате со вашите деца.

1.Запрашајте го вашето дете што доживува во своето тело и ум. Обично започнете со прашањето: „Како се чувствуваш во твоето тело?“.

Понекогаш ноќниот немир е предизвикан од физички тегоби. Ако станува збор за физичка нелагодност понудете ги да се напијат малку вода и да направат истегнување, за да се обидат да ги олеснат тегобите.

Меѓутоа, поголемиот дел од времето, немирните ноќи се предизвикани од премногу активен и расеан ум.

Откако ќе се уверите дека немаат болка или сериозна непријатност во нивното тело, охрабрете ги да погледнат што се случува во нивните умовите. Запрашајте ги: Колку мисли имаш во овој момент? Дали твоите мисли се менуваат брзо? Дали се испреплетени и создаваат клопче од мисли или пак се наредени една врз друга? Дали мислите се пријатни или непријатни? Што содржат мислите?

Со разгледување на овие прашања ќе ги охрабрите децата да увидат дека нивните мисли влијаат на создавањето на сензации во нивното тело.

Откако ќе видиме како се чувствуваат нивните тела и умови, би се обиделе со неколку различни начини за смирување на умот. Овие техники ќе им помогнат да се релаксираат и ќе ги охрабрат да го тргнат вниманието од содржината на нивните мисли, за да можат да се одморат во состојба на подлабока свесност.

2.Направете скенирање на телото. Постојат многу техники за скенирање на телото кои им помагаат на децата да заспијат. Можете да кажете добра ноќ на секој дел од телото: „Добра ноќ прсти. Добра ноќ нозе. Добра ноќ колена…” Можете да додадете многу различни варијации на опуштање како што се: „одврзување на јазли“ на напнатост во секој дел од телото или „чешлање“ на заплеткувањата што ги спречуваат да спијат мирно. Друга варијација е додавање на ментална прегратка или насмевка на секој дел од телото додека го споменувате.

3.Вежбајте техники за дишење. Постојат многу техники на дишење кои можат да се користат за да им помогнат на децата да се релаксираат. Следниве се само неколку кои се доста ефективни:

Нежно вдиши преку носот, длабоко издиши преку устата;

Лежејќи вдишувајте и издишувајте полека преку носот и почувствувајте како здивот го исполнува целото тело при вдишување;

Вдишете преку носот, издишете преку устата и фокусирајте се на звукот што го прави здивот;

Дишење со броење

Вдишувајте преку носот и бавно бројте до 4, издишувајте преку устата и бавно бројте до 6. Проверете дали издишувањето е малку подолго од вдишувањето, како 2:4 или 4:6. Повторете го ова неколкупати и видете како се чувствува вашето дете потоа.

Брмчењето (дишењето) на бумбарот (Брамари пранајама)

Оваа техника на дишење, Брамари, е секогаш омилена. Лесна е, сфатлива и е неверојатно ефикасна. Лежејќи, дишете нормално. Вдишете длабоко преку носот, а потоа издишете со благо затворена уста и опуштени вилици, правејќи мек, потпевнувачки звук, како нежниот звук на бумбарот (звукот „мммммммм“), од почетокот на издишувањето до самиот крај. Вежбајте го ова 3-5 пати и одморете се во тишината и празниот простор што се создава внатре во вас. Брмчењето (дишењето) на бумбарот има прекрасно смирувачко дејство и врз телото и врз умот.

4.Обидете се со звучни вибрации. Користењето на звучни вибрации е одличен начин да се покани релаксација во телото. Исто така, помага да се донесе умот во еднонасочен фокус.

Тибетскиот звучен сад (покрај најразличните ѕвона, звуци од природата и сл.) е еден од начините преку кои звучните вибрации им помагаат на децата да се релаксираат и да спијат со текот на годините.

Тибетски звучен сад

Тибетскиот звучен сад е одличен при работата со деца. Неговиот звук е балансирачки и е одличен за опуштање и релаксирање пред спиење.

Нека вашето дете легне. Замолете го да земе неколку длабоки вдишувања преку носот и длабоки издишувања преку устата. Потоа замолете го да ги затвори очите и да го ‘слуша’ звукот на садот/ѕвончето/звуците со целото тело.

Повторете неколкупати додека вашето дете не се чувствува опуштено и подготвено да заспие.

Се надеваме дека овие алатки базирани на јога, кои ги вклучуваат телото, здивот, звукот и умот ќе ви помогнат на вас и вашите деца полесно да заспиете и да имате мирен одмор во текот на целата ноќ.

~ Радувај се! Lifestyle&Coaching

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s