Дали веќе сте се запознале со јин јога стилот?

Флексибилност на телото и умот

Јин јога е специфична на многу начини. Таа е погодна за почетници, како и за сите нивоа на претходно искуство со јога. Кога вежбате јин јога мускулите се претежно пасивни, опуштени и секоја позиција се одржува подолго време.

Можете да започнете со држење на позицијата три минути, а потоа да ја продолжите на четири или пет минути. Не мора да ги броите минутите, но доколку сакате, можете да поставите часовник до вас за да го проверите времето.

Смирувачка музика исто така може да послужи како потсетник за времето: една песна – една асана, односно јогиска позиција. Кога седите удобно во асаната, важно е да го одржувате вашето тело целосно неподвижно.

На ниво на телото, јин јога ќе ги зголеми циркулацијата и животната енергија, прана која е поттикната непречено да тече низ внатрешните енергетски канали. Непречениот проток на прана ќе ги обнови сите ткива и органи.

Јин јога ја зголемува флексибилноста на телото, флексибилноста на зглобовите и сврзните ткива и ја релаксира мускулната обвивка (фасција), места во кои најчесто се акумулира напнатост.

Ментален предизвик

Одржувањето на телото во иста позиција подолго време претставува предизвик на ментално ниво. Нашиот брз ум ни испраќа безброј мисли, а воедно се јавуваат и чувства и импулси кои можат да нè исфрлат од тишината на телото.

Затоа, вежбањето јин јога е вистински предизвик во кој стануваме свесни за телото и сензациите кои постепено се интензивираат со останување на телото во статична положба. Тоа е можност да ги согледате вашите емоции и физички сензации и да ги прифатите такви какви што се. Сето ова ќе биде полесно прифатено со помош на стабилен ритам на дишење, при што е важно да се продлабочи здивот. Вдишете четири секунди и издишете четири секунди – ова е ритам што го смирува умот.

Јин јога е вид на медитација со свесност насочена кон здивот и телото. Затоа делува многу смирувачки, ослободува од вознемиреност и стрес и ги балансира телото и умот – зајакнуваме и физички и психички. Развиваме трпеливост што можеме да ја искористиме во секоја несигурна и стресна ситуација. Развиваме самосвест со чија помош можеме да ги препознаеме сензациите на нашето физичко тело и нашите емоции, како и да се прифатиме себеси со поголема нежност и емпатија.

~ Радувај се! Lifestyle&Coaching

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s