Какво чудо ќе ми се случи денес?

Какво чудо ќе ми се случи денес?

Поставете си го на себе ова прашање веднаш штом ќе станете и започнувајте го со ова прашање секој свој ден. Подгответе се првиот одговор да ви биде отприлика ваков: “Kакво е тоа чудо, обичен рутински ден!”. Меѓутоа, доколку не отстапувате од тоа секое утро да си го поставувате ова прашање, тогаш бидете сигурни дека чудото ќе се случи, чуда ќе се случуваат секој ден.

Нема ништо чудно во сево ова, зашто чудо нè опкружува, ние живееме во него. Но проблемот е во тоа што не го приметуваме.

Со тоа што ќе си го поставите ова прашање: „Какво чудо ќе ми се случи денес?“ – се тренирате себеси внимателно да гледате. Како резултат, почнувате да забележувате чуда, како големи, така и мали.

Какво чувство ве обзема кога ќе видите нешто убаво? Така е: чувство на радост. И тоа не е само чувство. Тоа е енергија која како магнет привлекува слично на она на што се радувате. Како резултат, има сè повеќе и повеќе чуда во вашиот живот.

Ако знаете дека постои чудо, чудо се случува секој момент во вашиот живот. Истовремено, сведочејќи чудо, од сета разноликост можете да ја изберете најсовршената манифестација за себе, која ќе создаде добра судбина за вас.

Манифестацијата на чудата во животот е оживување во себе на способноста на раѓање на чуда, обновување на органите одговорни за создавање чуда.

Животот може да биде таков, исполнет со чуда!

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s