
Истражувањата покажуваат дека полната месечина може да влијае на сонот и однесувањето кај децата.
💫 Прочитајте го следниов текст на вашето дете вечерва за да ги смирите неговиот немир и хиперактивност и да поттикнете добар сон 💫
“Затвори ги очите и биди многу мирен/мирна. Вдишувај и издишувај полека. Вдиши и издиши докрај.
Замисли дека лежиш под студена месечина. Месечината е толку убава вечерва. Блеска на ноќното небо.
Седни или легни под месечината и почувствувај како целото тело ти се лади и станува смирено и опуштено. Почувствувај ладен бран на релаксација по целото тело.
Додека стоиш под прекрасната месечина, се чувствуваш меко и опуштено. Се чувствуваш како да се топиш и целото тело ти станува меко и опуштено.
Почувствувај ја ладната месечина на твојата глава и твојата глава станува мека и мирна. Почувствувај ја светлината на месечината на твоето тело и целото тело се чувствува опуштено. Се чувствуваш смирено. Се чувствуваш опуштено. Се чувствуваш меко. Се чувствуваш мирно.
Остани колку што можеш мирно и дозволи ѝ на студената месечина да ти помогне да се чувствуваш смирено и опуштено. Се чувствуваш толку прекрасно. Речиси се чувствуваш полн/полна со смиреност и полн/полна со релаксација.
Колку смирено се чувствуваш?
Вдиши длабоко и издиши. Како што издишуваш, почувствувај како стануваш сè поопуштен/а. Вдиши и опушти се, издиши и опушти се. Вдиши и опушти се, издиши и опушти се.
Кажи си во мислите: “Кул сум како месечината, кул сум како месечината”.”