Осумнаесет начини како да се релаксирате

1. Релаксирачка, тивка музика може да ви помогне да се опуштите. Кога се чувствувате под стрес, пуштете опуштачка музика и дозволете таа да ве понесе.

2. Следниот пат кога ќе се чувствувате под стрес вдишете неколкупати бавно и длабоко.

3. Еден од најрелаксирачките мириси е мирисот на лаванда. Додадете неколку капки во пластично шише со спреј и испрскајте во воздухот за смирувачка атмосфера.

4. Затворете ги очите и замислете дека сте некаде во порелаксирана околина, како на пример, како лежите на плажа. Видете дали можете да го почувствувате пријатното ветре на вашата кожа и да ги слушнете звуците на океанските бранови.

5. Кога се чувствувате под стрес, прошетајте кратко на отворено и дишете!

6. Ако се чувствувате под стрес, повторувајте си: „Смирен сум“, „Мирна сум“, „Мирен сум“!

7. Правете редовни паузи во текот на денот за да се ослободите од стресот, поминете неколку минути правејќи нешто што го сакате или едноставно разговарајте со пријател.

8. Водете дневник на благодарност – направете листа на сите работи што ги сакате и за кои сте благодарни – ова е одлична вежба која ќе ви помогне да се чувствувате смирени и прибрани.

9. Ако сте загрижени, запишете ги вашите грижи и направете список со сите работи што можете да ги направите за да го решите проблемот.

10. Забавете го дишењето и замислете како мускулите околу вратот стануваат меки и опуштени.

11. Топла бања со лаванда и уживање во бањата е одлична антистрес алатка – си го должите тоа на себе!

12. Ако се чувствувате под стрес, слушајте класична музика бидејќи докажано е дека класичната музика го забавува пулсот.

13. Намалете го стресот така што ќе развивате свесност за вашата околина. Поминете неколку моменти седејќи мирно и забележувајќи ги нештата околу вас.

14. Ако се чувствувате под стрес, кажете си на себе: “Јас дишам”, додека издишувате и кажете си на себе: “Јас дишам”, додека вдишувате.

15. Вежбајте за да го намалите стресот – прошетајте или трчајте 15 минути и ќе се чувствувате многу подобро.

16. Ако сметате дека треба да бидете поопуштени – ветете си дека ќе се грижите за себе со тоа што ќе правите редовни паузи, редовно одмарање во вашето секојдневие.

17. Станете рано и поминете само 10 минути со затворени очи и обидете се да се опуштите.

18. Погрижете се да се смеете многу – смеењето претставува брилијантен дестресор!

~ Marneta Viegas, основач на Relax Kids

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s