Како се играат детските игри “Каладонт”, “На буква, на буква” и “Збор по збор – приказна”

Ви претставуваме три интересни детски игри кои не само што се забавни туку и многу корисни за развивање на детската концентрација, поттикнување на свесно внимание, како и збогатување на детскиот речник.

Како се игра „Каладонт“ – правила

Во играта можат да учествуваат повеќе играчи. По редослед што го одредуваат децата секој од играчите треба да каже по еден збор што започнува со истата буква на која што завршува зборот на претходниот играч. Има две варијанти на оваа игра, во втората, потешката варијанта, се изговара зборот кој започнува со последните две букви на кои што завршува зборот на претходниот играч.

Ниту еден играч не смее да каже збор што завршува на зборот „К“, или во другата варијанта „КА“, бидејќи тогаш следниот играч го кажува зборот “калодонт”, а претходниот играч излегува надвор од игра. Дополнителен отежнувачки фактор во оваа игра е тоа што зборовите мора да се изговараат брзо.

Играта е многу интересна и корисна бидејќи го збогатува вокабуларот и бара брзо размислување.

Како се игра „На буква, на буква“ – правила

Оваа игра е наменета за повеќе играчи. Играта започнува така што одбраниот играч замислува предмет од околината и вели: “На буква, на буква…” (на пр. С), потоа другите играчи погодуваат за кој предмет станува збор. Играчот кој прв ќе го погоди замислениот предмет, го одредува следниот објект.

Ако се случи никој да не го погоди новиот предмет, играчот кој го доделил мистериозниот предмет замислува нов. Оваа игра е наменета за помала возраст, ја поттикнува меморијата и е одлична за учење на букви и зборови.

Како се игра “Збор по збор – приказна”“

Ова е зборовна игра која може да ја играат повеќе играчи. Секој играч, по определен и однапред договорен редослед, изговара еден збор, кој заедно со претходно изговорените зборови претставува продолжение на приказна. Првиот играч избира и изговара еден збор, а секој нареден играч, освен што ќе го додаде својот (нов) збор на крајот, мора да ги повтори и претходните.

Пример: „Овци“, следниот вели „Овци пасат“, следниот „Овци пасат на ливада“. Така се редат збор по збор, реченица по реченица и се создава приказна. Не е пожелно да се повторуваат веќе кажаните зборови.

Без разлика на исходот од оваа игра, децата следат создавање на мисловна целина и со секој нов збор ја вежбаат способноста да го предвидат понатамошниот тек на приказната.

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s