Возрасните не се единствените кои се борат со управувањето со стресот. Тоа го прават и децата на училишна возраст. Постојат многу нешта кои можат да ги наведат децата да страдаат од стрес: може да постојат различни проблеми или конфликти дома, а и очекувањата од училиштето можат да придонесат исто така за стрес. Некои деца може да имаат потешкотии со своите врсници. Но покрај овие вообичаени извори на стрес децата сега се справуваат и со стресот од КОВИД-19. Многу родители изнаоѓаат начини како да им помогнат на сопствените деца во управувањето со нивниот стрес, но повеќето од децата сè уште не ги научиле техниките за управување со стресот.
Што можат да направат родителите за да им помогнат на своите деца да се справат со стресот?
Управувајте со вашиот сопствен стрес
Една од најважните работи што родителите можат да ги направат за да им помогнат на своите деца да се справат со стресот е добро да се справуваат со сопствениот стрес. Децата го прифаќаат стресот на нивните родители и тој е многу заразен! Ако се чувствувате под стрес, веројатно е дека и вашето дете ќе биде исто така под стрес. Преземете мерки за да го намалите сопствениот стрес, а вашите деца ќе имаат индиректна корист.
Направете го спиењето приоритет
Американската фондација за спиење препорачува од 9 до 11 часа сон навечер за деца на училишна возраст. Американскиот центар за контрола на болести пак препорачува од 9 до 12 часа. Недостатокот на правилен сон може да доведе до многу физички и ментални здравствени проблеми, вклучително и зголемено ниво на стрес. Бидете сигурни дека вашето дете ги добива потребните часови на спиење како што препорачуваат експертите. Ова може значително да го намали нивото на стрес што го доживува вашето дете.
Направете го вежбањето приоритет
Физичката активност е одличен начин за намалување на стресот. За децата ова нема да изгледа како џогирање или одење во теретана. Децата треба да трчаат, да играат, да возат велосипед, да пливаат, да се качуваат по дрвја и разни слични активности. На сите овие активности можете да додадете и некои организирани активности како што се фудбал, часови по балет или часови за боречки вештини. Ако имате двор, можете да додадете играчки или структури кои поттикнуваат игра на отворено. Однесете го вашето дете на прошетки во природа и во паркови.
Направете го времето за одмор приоритет
Не им нудете на вашите деца премногу структурирани активности после самите училишни обврски. Важно е да им се дозволи на децата да имаат контакт со неструктурирана игра подалеку од технологијата.
Грешките се можности за учење
Многу од децата на училишна воздраст се плашат да направат грешки. Ова може да доведе до стрес. Добро е да ги научиме децата дека грешките се всушност добри! Тие се можности да се научи нешто ново. Детето не може да научи нови вештини без да прави грешки по патот. Ако детето сака да научи да прави нешто ново, како да игра фудбал или како да свири гитара, тоа нема да се случи без да направи многу грешки. Важно е децата да бидат сведоци на грешки што ги прават возрасните во нивниот живот. Децата внимаваат како ние возрасните се справуваме со сопствените грешки. Бидете добар пример. Доколку е соодветно, споделете со нив што научивте од вашата грешка. Зајакнете го овој начин на размислување кај вашите деца. Грешките се дел од животот и децата не треба да се плашат нив.
Поттикнете ја креативноста
Кога децата се под стрес, охрабрите ги да пишуваат или цртаат. Многу деца ќе ги изразат своите мисли и чувства преку нивното пишувања и цртање. Ова може да биде особено корисно кај оние деца кои имаат проблем да зборуваат за своите чувства. Креативните активности можат да бидат и прекрасен начин да се опуштите со вашите деца.
Техники за управување со стрес
Децата можат да ги научат некои од стратегиите за управување со стрес што ги користат и возрасните. Можете да ги научите вежби за длабоко дишење или мускулна релаксација. Можеби ќе сакате да истражувате аромотерапија, медитација или јога. Можеби ќе сакате да ги практикувате овие активности заедно како семејство.

Смеата е најдобриот лек
Постојат многу физички и ментални придобивки од смеењето. Смеењето го зголемува ендорфинот, што може да доведе до намалување на физичките симптоми на стрес. Уживајте во смешен филм со вашето дете. Кажувајте вицови и гледајте соодветна стенд-ап комедија. Добро е да поминувате време со пријателите или членовите на семејството кои ве засмејуваат. Бидете расположени! Забавувајте се и смејте се!
Запомнете дека и децата доживуваат стрес. Слично како и возрасните, и тие треба да научат како да управуваат со нивниот стрес. Најдете време да разговарате за овие работи и да ги научите на овие вештини. Научете и практикувајте некои од техниките споделени во овој текст. Многу е веројатно дека вашите деца ќе бидат подложни на повеќе смеа, неструктурирана игра и физичка активност. Тие дури може и да се израдуваат на самите идеи да започнат да вежбаат јога или да започнат со ново хоби. Наскоро, вашите деца можеби ќе ве охрабрат и вие подобро да управувате со сопствениот стрес!
~ Радувај се! Lifestyle