Стравот и болката одат рака под рака. 👯
Најчесто, силниот страв, фокусирањето и насочувањето на нашето внимание на болката е она што всушност предизвикува таа да стане хронична.
Нашите тела се неверојатно способни да се излекуваат. Кога ќе се повредиме, нашите клетки работат напорно за да го поправат и излечат секое оштетување на ткивото.
Болката едноставно претставува порака. Таа е аларм за опасност кој ве известува дека нешто не е во ред. СТРАВОТ од болката е местото во кое имаме тенденција да “заглавиме”.
Зошто? Затоа што страшните мисли и фокусот на симптомите прават симптомите да продолжат да се јавуваат. Хормоните на стрес како кортизол и адреналин се ослободуваат во нашите тела, а нашиот примитивен мозок мисли дека сме во опасност. Така, циклусот на болка продолжува – пораката дека нешто не е во ред постојано го вклучува алармот.
Еве ја добрата вест: кога го намалувате стравот од вашата болка и го префрлате фокусот на пријатни сензации или работи што ви носат радост, вашиот мозок добива порака дека е безбеден. Колку повеќе вашиот мозок прима пораки на безбедност наместо страв, толку повеќе можете да заздравите, а циклусот на хронична болка може да се прекине.
~ Радувај се! Lifestyle
