За Радувај се! Lifestyle&Coaching

 

Холистичкиот центар Радувај се! Lifestyle&Coaching, во чии рамки функционира и СакамЈога, е основан во 2013 година. Нашата мисија – спроведувана преку нашите програми од областа на холистичкото здравје и личниот развој – е насочена кон едуцирање, подобрување, истражување, поттикнување.  За да научиме, интегрираме, промениме, рефлектираме. За повеќе слобода и јасност – и за поголема радост!

 

ПРОГРАМИ

  • холистички коучинг ЛЕНС индивидуални сесии
  •  квантна радост индивидуални сесии
  •  индивидуални и групни часови по хата, јин и трансформативна јога
  •  предавања и работилници за личен раст и развој

 

РАДУВАЈ СЕ! ИНСПИРИРАЈ СЕ! АКТИВИРАЈ СЕ! ТРАНСФОРМИРАЈ СЕ!

 

 

Раздвижете го телото, зашто телото што е во движење може да ги придвижи неподвижните аспекти од Вашиот живот!

Смирете го умот, зашто во смиреноста се кријат одговорите на Вашите прашања!

Вложете во себе здравје и позитивна енергија!

 

Израдувајте се!

Кога се радуваме – го славиме животот!

Кога се радуваме – го славиме нашето постоење и постоењето на сè она што е важно за нас!

Кога се радуваме – живееме!

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА РАДУВАЈ СЕ!

♥

“Длабоката потреба светот исконски да се почувствува, надвор од границите на мислата и дефинираноста, ја создава желбата за истражување, пронаоѓање, пренесување, споделување.”

Каролина Јакимовска е основач, холистички коуч и инструктор по јога во Холистичкиот центар Радувај се! Lifestyle&Coaching во чии рамки функционира и СакамЈога.

По образование е магистер на филозофски науки, односно дипломиран професор по филозофија.

Нејзината желба и потреба да се излезе надвор од границите на утврденото и востановеното ја поттикнуваат да создаде место кадешто се откриваат и негуваат нови, поинакви перспективи и гледишта. Да им се даде простор на телото, интуицијата, емоцијата – тоа е нејзината мотивирачка цел.

Каролина е сертифициран инструктор по јога со дваесетгодишно искуство во практикување на оваа древна индиска дисциплина. Од 2006 г. води индивидуални и групни часови по хата јога, а од 2015 г. во својата практика ги вклучува и правците јин јога и трансформативна јога.

 

Karolina Jakimovska Bio

 

Услови за користење

Содржините објавени на Радувај се! се единствено од информативен карактер.

Радувај се! не нуди медицински совет ниту пак упатува на третирање на здравствени состојби.

Корисниците на Радувај се! самите се одговорни за примената на информациите објавени на страната.

Радувај се! се оградува од одговорност за преземените акции на корисниците на страната.

Коментарите на содржините на страната, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на Радувај се!.

Доколку сакате да преземете содржина или фотографија од Радувај се! Ве молиме наведете го линкот до изворниот текст/фотографија.

 Радувај се! Lifestyle&Coaching