Points of You® работилници

Искуствена работилница со примена на Points of You алатките

Points of You® алатките за инспирација, учење и развој (The Coaching Game и Punctum) на длабок, моќен но и едноставен начин генерираат нови решенија и увиди при Вашите секојдневни предизвици.

Вистинска провокација е да се погледне на нештата од различна перспектива која дотогаш не ни била позната. Промените најчесто започнуваат кога сме спремни и отворени да ги искористиме шансите и да погледнеме од друг, поинаков агол.

Points of You® алатките поттикнуваат интеракција меѓу нашите интуиција и емоции од една страна, и нашиот логички и аналитички ум од друга страна. Игрите се базирани на асоцијативна поврзаност меѓу фотографија, тема и конкретна проблематика која самите ја избираме.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: raduvajse@gmail.com | 075 782 071 | www.raduvajse.com